(ВИДЕО) ДА ЈА ПОДДРЖИМЕ МИЛА МОСКОВ на детскиот Евросонг – ГЛАСАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО: Да направиме разлика!

Денеска од 16. часот со директен пренос на првата програма на МРТ ќе можеме да го следиме директниот пренос од Полска, од Детскиот Евросонг на кој не претставува Мила Москов…
Мила Москов блесна на пробите на детскиот Евросонг кој годинава се одржува во Гливице, Полска. Нашата претставничка имаше одличен настап со песната „Fire“ на Лазар Цветковски, а останува и денес на големото финале,да ги потврди своите квалитети. На финалето нашата претставничка ќе настапи под реден број 4.


„Не се сомневаме дека и покрај повредата што Мила ја има на ногата, таа ќе даде се од себе и ќе имаме прекрасен настап“, изјавуваат кусо од нашиот евровизиски тим.
Во петок започна и онлајн гласањето и ќе трае до недела. Она што е различно од сениорската Евровизија е дека тука секој ќе може да гласа за сопствената земја.
Погледнете како изгледаше Мила на двете проби, за кои доби коментар дека изгледала величенствено!


Како да гласате:
Прво ќе одите на линкот https://vote.junioreurovision.tv/ и откако ќе го изгледате кусото видео со сите претставници ќе ви се отвори линкот https://vote.junioreurovision.tv/ на кој ќе можете да го дадете својот глас. Можете да изберете од 3 до 5 изведувачи. Потоа ќе треба да исполните едноставна математичка задача од стилот 7+3 = 10 и го заокружувате гласањето.
За Мила ќе можете да гласате се’ до терминот кој ќе го одредат водителите по завршувањето на последната изведба, како и на класичната Евровизија.
Да го дадеме нашито глас за Мина…едноставно е, бесплатно а може да направи разлика!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …