ИЛАРИЈА Болдвин сподели интимен момент. 38-годишната мајка на шест деца и сопруга на холивудскиот актер Алек Болдвин открила дека во исто време ги дои двете најмали деца – 11-месечното девојче Марија Лусија Викторија и 17-месечен син Едуардо Пао Лукас.
На фотографијата таа ги држи децата во скут и им се насмевнува додека ги дои во тандем.
View this post on Instagram
„Го сакам начинот на кој се држат за раце додека ги дојам“, напишала таа и собрала над 22.000 лајкови.
Хиларија и Алек се родители и на осумгодишната Кармен Габриела и синовите Рафаел Томас (6), Леонард Ангел Чарлс (5) и Ромео Алехандро Дејвид (3). Болдвин од бракот со Ким Бесинџер ја има и возрасна ќерка Ајрланд Болдвин.
View this post on Instagram
На 8. септември 2020. година, Хиларија го роди синот Едуард. Половина година подоцна, со помош на сурогат мајка, дошла и малото девојче Лусија.
Фото: Принтскрин/Instagram