(ФОТО) Сопруга на фудбалер во пекол поради силиконот во усните: Објавила вознемирувачка фотографија

„Имено, бев на инјекции на кортикостероиди за усните. Силиконот мигрира и се движи со текот на времето и возраста. Меѓу другото, мојот се пресели во горниот дел од усните, па го забележав тоа и почна да ми пречи“, продолжила манекенката, која подоцна открила дека слушнала за инјекции со кортикостероиди од пријател на нејзина пријателка, која и кажала дека се ефективни за усните.

This image has an empty alt attribute; its file name is jovana-gjorgjevic-3-573x1024.png


„Тогаш решив дека сакам да ги направам и третирам горниот дел од усните со стероид. Меѓутоа, еве, ме удри по глава. Она што навистина сакав да го кажам со овој бесконечен број приказни е да бидете паметни“, рекла таа и продолжила:
„Не одете кај непроверени лекари на препораки од луѓе што не ги познавате. Не дозволувајте да ви вбризгаат силиконски биополимер, не знам колку такви силикони има. Ништо што всушност никаде не е одобрено. Кај нас мислам дека уште може да се користи и ќе ви се удри од глава. Не избирајте нешто што не е добро за вас и вашето здравје, само затоа што чини помалку.Јас се зезнав и ја направив таа грешка“, признала таа.

View this post on Instagram

A post shared by 𝙹𝚘𝚟𝚊𝚗𝚊 𝙳𝚓𝚘𝚛𝚍𝚓𝚎𝚟𝚒𝚌 (@callmelolita)


Конечно ги прокоментирала последиците од овој третман за усни.
„Многу е веројатно дека со текот на времето ќе се искриви и ќе имате сериозни последици, не само естетски. Јас сум некој што го почувствувал тоа на своја кожа. Меѓу другото, три пати се обидов да го отстранам овој материјал хируршки, но како што можете да видите, никогаш не може целосно да се отстрани. Заклучокот е ова: одвреме-навреме ќе имате проблем со биополимерот, а обидувајќи се да го елиминирате, можете да си создадете уште поголеми проблеми. За среќа, мислам дека можам да ја пополнам дупката што ја направи кортикостероидот со хијалуронска киселина (се надевам). Но токму тоа е поентата на оваа презентација, крајот не се гледа, со години се вртам во круг поправам ‘криво дрини’ само затоа што како млада не бев доволно информирана. Не паѓајте на ловечки приказни и грижете се за вашето здравје на време“, заклучила таа.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Свети Василиј Острошки

Свети Василиј Острошки Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од …