(ФОТО) Славната глумица најавила дека се повлекува од глумата – додека не и пораснат децата!

Дру Баримур најавила дека, барем засега, ќе престане да глуми во филмови.
Во интервју за Енди Коен за емисијата SiriusXM, 46-годишната актерка зборувала за својата кариера. „Да бидам искрена, не сакам да бидам на сетот сега“, рекла таа.
„Но, тоа може да се промени кога моите деца ќе пораснат“, додала таа, нагласувајќи дека сака да биде подобра мајка за своите деца. „Не сакав да бидам на снимањето и да ја испрашувам дадилката за тоа како се моите деца“.
Баримур ја започна својата актерска кариера со само 5 години во минорна улога во филмот „Променети состојби“ (Altered States) во 1980 година. Оттогаш, таа има снимено голем број успешни филмови, вклучувајќи ги „Врисок“ (Scream), „Исповеди на опасен ум“ (Confessions Of A Dangerous Mind), „Дони Дарко“, Е.Т ….

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Drew Barrymore (@drewbarrymore)


За време на гостувањето во радио емисијата на Коен, Баримор исто така рекла дека ја спасила улогата во серијата на Нетфликс, „Santa Clarite Diet“. „Таа серија беше најдоброто нешто што можеше да ми се случи“, рекла таа.
Иако најавила пауза во глумата, сепак ќе се појави на екраните. Таа сè уште го води нејзиното ток-шоу, The Drew Barrymore Show, кое започнало да се емитува на CBS минатиот септември.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …