Бразилската манекенка и водителка, Каролина Битенкур (37), која се водела како исчезната откако скокнала во море за да ги спаси своите кучиња во близина на Сао Паоло, е пронајдена мртва.
Водителката и нејзиниот сопруг Хорхе Сестини, но и нивните две кучиња пловеле во неделата со јахтата покрај островот. Таму ги зафатило невреме, кое ги фрлило нивните кучиња преку палубата.
Таа со кучињата и сопругот била на бродот, а силниот ветар ги дувнал кучињата од палубата. Водителката без размислување скокнала по нив за да ги спаси, а по неа скокнал и сопругот за да ја спаси, но обидот бил безуспешен. Него го пронашле и го спасиле неколку часа подоцна.
Во потрагата по триесет и седумгодишната убавица учествувал и нејзиниот татко, кој за локалните медиуми изјавил дека вчера попладне помогнал да биде извлечено телото на неговата ќерка.
Битенкур, која освен како манекенка се занимавала и со тв водителство, завршила во морето откако се обидела да ги спаси нејзините кучиња, кои како што раскажале нејзините пријатели, паднале во вода поради ветрот.
„На бродот беа само таа, нејзиниот сопруг и двете кучиња. Сопругот скокна во вода за да ја спаси, но имаше невреме и тие останаа одвоени. Тој пливаше три часа до брегот за да преживее“, посочиле пријателите за локалните медиуми.
Од Агенцијата со која соработувала манекенката, Oxygen Models испратиле соопштение за јавноста во кое изразуваат сочувство и искажуваат почит за нејзиното партнерство.
Агентот на манекенката, Андреи Бонети, рекол дека Сестини моментално е во состојба на шок.
„Хорхе се обидел да ја спаси. Видел како се дави и не можел да и помогне. Тоа беше грозен момент за него“ додал Бонети, пренесува Daily Mail.