Алекс Ших, наследник на најголемата агенција за недвижности во Хонг Конг не поседува ниту куќа.
И, не само тоа, нема да го наследи големото богатство од 400. милиони долари бидејќи неговиот татко, милионерот Винг Чинг Ших (70) одлучил сите пари да ги подели во добротворни цели.
Сепак, младиот Ших вели дека тоа не го мачи бидејќи татко му одамна рекол дека нема ништо да видат од парите.
Ших има три возрасни деца, но тврди дека ним нема да им остави ниту денар. Овој деловен човек се збогатил во 1978. година кога ја основал агенцијата за недвижности „Centaline”.
Уште пред 10. години се вклучил во работа на хуманитарни здруженија на кои им го донира поголемиот дел од своите пари. Неговото семејство живее скромно и потполно ја поддржуваат одлуката на Винг.
„Уште кога бевме многу малечки ни соопшти таа одлука. Немавме избор освен да ги послушаме неговите желби. Ни објасни дека не е добро да се води премногу опуштен живот и дека повеќе ќе ги цениме парите кои ќе ги заработиме“, рекол Алекс (39).
Алекс работи кај татко му и кога Винг ќе отстапи од местото на директор синот ќе ја наследи позицијата на татко му.
Gepostet von Alex Shih am Dienstag, 7. Juni 2016
„Моите пријатели моментално заработуваат повеќе од мене“, објаснил тој. Најмладиот син на Винг, и покрај богатството на татко му има проблеми како повеќето млади, штеди за стан за да може да се исели од кај родителите.
„Нашиот живот отсекогаш бил скромен. Знам дека пребогатите деца од Њујорк или Лондон тоа не можат да го сфатат“, вели Алекс.
Иако фирмата дневно врти милиони долари, Алекс има „обична“ плата. инаку, Ших одлучил заработените пари да ги искористи за искоренуавње на сиромаштијата во руралниот дел на Кина, од изградба на инфрастуктура до помош на сиромашните деца за да се образоваат.
Екран.мк/Straitstimes.com
Фото: Facebook/Printscreen