(ФОТО) Сите паѓаат во втор план кога ќе се појави фаталната Моника Белучи

Откако со својата појава ја „почестила“ неделата на висока мода во Париз, италијанската дива се упатила во Лос Ангелес каде во рамките на фестивалот Filming on Italy и доделувањето на наградата Creativity на италијанскиот институт за култура, и била доделена посебна награда
Со наполнети 53. години, Моника Белучи, со својата класична убавина и промислен избор на модните креации и понатаму со леснотија го освојува внимнието на јавноста.
На споменатите случувања во Лос Ангелес блеснала во фустан со сирена крој со прозирни ракави и набори кои ја нагласувале нејзината завидна линија.
Дека е голема љубителка на црните комбинации, итлијанската дива редовно докажува на свечените случувања, а новиот модел на раскошен фустан го нагласила со златните детали како огрлица со впечатлив приврзок и писмо-чанта.

Дискретниот мејкп само ја истакнал природната убавина на славната Италијанка, а со модерна боб фризура во таласеста форма го заокружила заводливото издание.
Атрактивната Моника своевремено изјавила дека нејзината убавина се крие во тоа дека никогаш претерно не се оптоварувала со изгледот.
„Вежбам пилатес и пливам, но не се будам во шест наутро за да истрчам до теретана. Не е битно колку години имате, се’ е во главата. Телото старее, но духот не. Некој може да биде стар и со 20. години“ признава италијанската убавица.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …