(ФОТО) Што се случува: Повеќе од две недели никој не ја видел Меланија Трамп!

Иако уште минатата сабота, после оперативниот зафат на бубрезите,Меланија Трамп е пуштена на домашна нега, американската прва дама никој не ја видел во јавност, а нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, тврди дека нема причини за грижа.
Меланија Трамп последен пат во јавност е видена на 10. мај,кога Трамп им посакал добредојде на тројца Американци од базата Ендрјус.Ниту четири дена подоцна, нејзиниот претствник за јавност шокирал со објавата дека првата дама имала операција на бубрезите, која минала успешно, но дека ќе остане во болница до крајот на неделата.
Меланија во Белата куќа се вратила на 19. мај, и оттогаш се огласила само преку својот Твитер профил – со еден да му заблагодари на болничкиот персонал, но и на целата јавност на грижата, а потоа и со порака за „Memorial Day”.Сето тоа ставило сомневање кај медиумите, но и јавноста дека до сега, американската прва дама, ниту еднаш не отсуствувала толку многу од јавноста.
Сето тоа ниту малку не го загрижува самиот Трамп, кој во текот на прес конференција во Белата куќа, на новинарите им рекол дека Меланија е тука, зад завесата.


„Таа е одлично. Ене ја таму, не гледа преку прозорецот“ рекол Трамп, но новинарите не виделе апсолутно никого на прозорецот на Белата куќа на кој посочил претседателот.

И’ нејзиниот претставник за јавност, Стефани Гришам, се придружува до истото како и Трамп, па за „People” рекла дека „Меланија се чувствува одлично и дека веќе била на неколку интерни состаноци со персоналот, каде ги планирала идните настани“. Но, со ниту еден збор Гришам не дала да се наслути кога точно ќе биде нејзиното враќање во јавност.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …