(ФОТО) „Што прави принцот Хари со глупава глумица за која никој не знае“

Марни напишала дека Маркле, глумицата чија мајка е црнкиња, а таткото белец, „ќе фрли дамки“ на кралското семејство, а во друга порака заклучила дека не би имала полни односи со „црнец“ бидејќи сите се „грди“…
Водачот на британската еуроскептична партија УКИП во неделата е повикан да се повлече од должноста откако весникот Mail on Sunday објавил дека неговата девојка испратила расистички пораки за свршеницата на принцот Вилијам, Меган Маркле (36).
Хенри Болтон (54) минатата година станал четврти водач на партијата за една година. Партијата имала големо влијание на референдумската одлука за Брегзит.


Болтон околу Божик завршил во таблоидите бидејќи ја оставил сопругата поради 25 годишен модел и членка на УКИП, Џо Марни. Mail on Sunday објавил низа пораки кои Марни ги испратила на пријател, а во кои навредливо ги коментирала Маркле и црнците.
Весникот потоа го објавил и нејзиното извинување бидејќи таа сега тврди дека нејзините коментари се ’извлечени од контекстот’. Марни поради тоа е суспендирана од партијата.
Бил Етерхејџ,член на УКИП и застапник во Европскиот парламент рекол:
„Дојде време Хенри Болтон да поднесе оставка на местото водач на УКИП. Тој мора да си замине и тоа бргу и колку е можно потивко“.
Смета дека тој политички е неискусен и дека неговото водство било „пекол“ за партијата. Питер Витли, членот на лондонското собрание од редовите на УКИП, рекол дека Болтон би требало да биде исфрлен од партијата.
Марни напишала дека Маркле, американска глумица, чија мајка е црнкиња, а таткото белец „ќе фрли дамки“ на кралското семејство, а во друга порака заклучила дека никогаш не би имала полови односи со „црнец“ бидејќи се „грди“.
„Што прави тој со глупавата глумица за која никој не слушнал. Па ова е Британија а не Африка“ напишала.
Маркле и принцот Хари ќе се венчаат на 19. мај во дворецот Виндзор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …