(ВИДЕО) После повеќе од две децении Џорџ Клуни се враќа на ТВ сериите: И’ тоа „дебело“ ќе го наплати!

Насловот на книгата стана референца за апсурдните парадокси на бирократијата и неспособноста на поединецот да се избори со државниот систем…
Дваесет години по напуштањето на „E.R“, серијата која го направи голема ѕвезда, американскиот актер Џорџ Клуни се враќа на телевизијата.


Тој ќе снима мини серијал, по романот на Џозеф Хелер „Catch-22“ (Цака 22),адаптација на романот на Џозеф Хелер.Сатиричниот роман на Хелер првпат е објавен во 1961. година, а дејствието е сместено во време на Втората светска војн. Адаптацијата на романот за големото платно во 1970. година го снимил Мајк Николс.
Освен тоа, актерот ќе ја режира продукцијата од шест дела, каде што ќе дејствува како полковник Кеткарт, командант на главниот лик, Џон Јосариан.
Двојниот оскаровец за учеството во серијата ќе добие 2. милиони долари.  Снимањето ќе започне на почетокот на 2018. година, но имињата на другите луѓе во тимот се уште не се објавени.
Сметана за една од највлијателните книги од минатиот век, сатирата на Хелер за Втората светска војна раскажува за пилоти, кои се обидуваат да излезат од службата, глумејќи лудило. Сепак, според „Catch-22“, единствен начин да го докажат тоа, дека се лишени од здрав разум, е да се решат да исполнат мисија која е загрозувачка по нивниот живот. Насловот на книгата стана референца за апсурдните парадокси на бирократијата и неспособноста на поединецот да се избори со државниот систем.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …