(ФОТО) Калифорнија: Возел пребрзо удрил во тротоар и завршил во соба на спрат

Во автомобилот имало две лица, а еден од патниците морале да го извлекуваат службите за спасување. Човекот е полесно повреден и префрлен во болница. Во куќата немало луѓе…
Веројатно поради преголема брзина возачот ја загубил контролата над автомобиот, удрил во тротоарот, полетал во воздух и завршил во соба на прв спрат во куќа во јужна Калифорнија…Во просторијата предизвикал и помал пожар кој бргу бил изгаснат.
Во автомобилот имало две лица, а еден од патниците морале да го извлекуваат службите за спасување.
„Беше на местото на совозач. Со багер моравме да го стабилизирме возилото за да можеме да влеземе внатре и да го спасиме патникот“ велат спасителите.
Човекот е полесно повреден и префрлен во болница. Во куќата во време на несреќата немало луѓе пишува Daily Mail.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …