(ФОТО) Шест пролетни јакни кои станаа неизбежен тренд оваа сезона: Мора да ги имате во вашата гардероба

Нема да погрешите со овие парчиња
Зимата е главно зад нас, а подоброто време и повисоките температури не натераа да излеземе од подебелите капути и да скокнеме во полесни алишта за облекување.

Кога температурата малку ќе падне или ќе залади навечер, изберете една од најпопуларните јакни оваа сезона… Од оние класични и елегантни варијанти, па се до штепуваните, оваа пролет има повеќе модерни модели, а вие изберете го оној кој најмногу ви одговара.


1. Пачворк

View this post on Instagram

A post shared by Monikh (@monikh)


Доколку сте љубител на класични и основни парчиња како што се еднобојни маички или панталони, ова е вистинската јакна за вас. Колоритните и шарени дизајни ќе ги „скршат“ монотоните бои и ќе му дадат пооригинален печат на вашиот аутфит.


2. Букле

Доколку сте љубител на поелегантни и поформални модели, овој примерок мора да го имате во вашиот гардеробер. Кога ќе се спомене букле јакната, првата асоцијација е ненадминатата Коко Шанел. Во потемни или посветли тонови, во комбинација со здолниште или панталони, ќе одговара на секоја комбинација.

3. Штепувана јакна

View this post on Instagram

A post shared by Jessica Skye (@_jessicaskye)

Удобно, барано, лесно се вклопува! Штепуваните јакни со својот понеобичен крој можете да ги носите во текот на целата година. Се чини дека уште долго време овој модел ќе биде на врвот на некои од најпопуларните.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …