На самиот врв на северниот дел на Квебек во канадскиот Арктик се наоѓа кратер со скоро совршен кружен облик, полн со кристално чиста вода, што може да се види и од Универзумот – Пингуалуит, локално познат како Нунавик кристално око.
Кратерот е создаден кога метеор ја погодил Земјата пред 1,4 милиони години, со што станал едно од најстарите езера во западната хемисфера. Во кратерот можат да се најдат со стотици илјадници години слоеви на седимент, а е полн со фосили и органски материи што содржат индиции за историските климатски промени, па можеби и загатки за идните климатски услови и промените во животната средина.
Опкружен со пејзаж што потсетува на површината на Месечината и исполнет со вода која е прекриена со мраз девет месеци годишно, кратерот Пингуалуит е едно од најдлабоките езера во Северна Америка (400 метри). Работ на кратерот се издига на околу 160. метри над околното земјиште и означува највисока точка во регионот.
Кратерот Пингуалуит е едно од најтранспарентните езера во светот, со видливост до 35. метри. Оваа јасност на водата е под влијание на неколку фактори: никакви реки или потоци не се влеваат во езерото, така што водата се акумулира исклучиво од дожд и снег и се губи само од испарување,а поголемиот дел од годината е покриена со мраз, а најблиската човечка населба е околу 100 километри западно од кратерот.