(ФОТО) РОДЕНИ СЕ ИСТ ДЕН И ВО ИСТ ЧАС ПРЕД 25. ГОДИНИ: Луѓето се во шок кога ќе слушнат што се крие зад нивниот изглед

Сестрите близначки привлекуваат огромно внимание бидејќи не личат една на друга, а луѓето не можат да веруваат дека се потполна спротивност.
Луси и Марија Ајлмер се родени во 1997. година како близначки. Сепак, од моментот на раѓање привлекуваат големо внимание и предизвикуваат мешаница каде и да се појават поради фактот што се близнаци.
Причината за тоа е нивниот изглед кој е значително различен и покрај тоа што се близначки. Имено, Марија има темна кожа, црна, виткана коса и црни очи. Од друга страна, Луси е токму спротивното, и има природна црвена коса, права коса, светла кожа и светло сини очи.

This image has an empty alt attribute; its file name is sestri-bliznacki-1.jpg


„Никој никогаш не верува дека сме близначки затоа што јас сум бела, а Марија е со темна кожа. Дури и кога се облекуваме исто, сè уште не изгледаме како сестри, а камоли близначки. Пријателите на час не натераа да им донесеме крштеници за да им докажеме дека навистина сме сестри“, изјавила Марија за американските медиуми пред неколку години.


На многу луѓе не им е јасно како е можно сестрите близначки да се сосема спротивни една од друга, но факт е дека тие се двојајчани близначки, што значи дека две јајни клетки биле оплодени од две различни сперматозоиди. Имајќи го предвид овој факт, иако се родени во исто време, тие не поседуваат идентичен генетски материјал.

This image has an empty alt attribute; its file name is sestri-bliznacki-2-646x1024.jpg


И нивната мајка не можела да го сокрие изненадувањето и шокираноста кога ги видела по прв пат, но набрзо и објасниле за што се работи.

„Тоа бил страшен шок за нашата мајка. Таа немала поим дека ќе бидеме толку различни. Кога акушерката нè предала, и двајцата останале без зборови”.

Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …