Меланија Трамп имаше неколку јавни настапи откако нејзиниот сопруг Доналд Трамп ги загуби претседателските избори во 2021 година. Последен пат беше видена во август на погребот на поранешната сопруга на Доналд – Ивана Трамп.
Од моментот кога нејзиниот сопруг ја напушти Белата куќа, Меланија Трамп (52) за малку ќе „испареше“ од јавноста. Таа се појави само неколку пати на некои социјални настани, а последен пат беше видена во август на погребот на Ивана Трамп.
Сепак, на фоторепортерите, но и на сите на кои им недостига убавата Словенка, конечно стигнаа до најсвежите фотографии од Меланија. Имено, таа на гласачкото место се појавила во друштво на сопругот Доналд каде блеснала во скап фустан.
Поранешната прва дама на Америка носела миди фустан вреден 1.990 долари од дизајнерот „Александар Меквин“, а слободно можеме да кажеме дека Меланија е жена со стил која изгледа феноменално дури и во едноставни аутфити.
Melania Trump votes alongside Donald in first public outing since AUGUST https://t.co/nUFucGLQPl
— Daily Mail US (@DailyMail) November 8, 2022
Фото: Архива