(ФОТО) Рекордер: Мајката во шок:Родила бебе тешко колку двегодишната ќеркичка!

„Во својата кариера подолга од 30. години не сум породила волкаво бебе. Ова е најголемо и најтешко новороденче било кога е родено во нашата болница“, рекла една од лекарките во болницата во Тексас.
Во оваа болница на 12. декември се породила Џенифер Медлок. Поради големината на бебето породувањето не можело да се изврши по пррироден пат туку мајката се прородила со царски рез.


И’ таа и сопругот биле во шок кога вагата покажала дека малекчиот Али е тежок 6,6 килограми, нешто помалку од нивната двегодишна ќеркичка која сега има скоро 10. килограми.


„Очекував дека ќе има околу два килограми, а не дека ќе собориме рекорд“, низ смеа рекла мајката после породувањето.
Иако бебето неколку дена морало да остане во болница поради нискиот шеќер во крвта,Али е здраво момче и минатата недела биле пуштени дома.
Извор: CBS

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …