(ФОТО) Развод на Елена Велевска: Марјан Мирчески-„Јас насилник – се’ е лага!“

Развод како развод, би рекле, но кога од страна на позната македонска пејачка доаѓа изјава дека, иако во бракот има три деца, дека повеќе не можела да го трпи семејното насилство, работите добиваат подруга димензија.


„Знам дека е покрената бракоразводна парница, немам добиено документи, но бев известен од адвокатот на 27 јули“. За порталот „Вистина.мк“ се огласи Марјан Мирчески, сопругот на Елена Велевска која преку отворено писмо ги потврди гласините дека се разведува.
Познатата пејачка го обвини Мирчески за семејно насилство кој за „Вистина.мк“ изјави дека се’ уште живеат заедно во семејната куќа во Охрид.


„Треба да процените какви комплименти даваше таа претходно за мене. Сега одеднаш сум станал семеен насилник што е кривично дело“, вели Мирчески.
Инаку, Елена Велевска и Марјан Мирчески се во брак од 2008. година и имаат три деца, а пејачката пред неколку месеци посакуваше да роди и четврто.
Марјан пак, од бракот со првата сопруга има возрасни ќерка и син кои живеат во Австралија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …