ФОТОГРАФКАТА од Нигерија Моф Бамуива фотографира луѓе низ Африка за да ја прикаже нивната различност и посебна убавина, пишува Bright Side.
Нејзините модели не ги задоволуваат секогаш класичните стандарди за убавина, но нивната појава со својата посебност одзема здив.
Моф вниманието на светската јавност го привлекла откако објавила фотографија од „најубавото девојче на светот”, како што многумина веќе ја нарекуваат, петгодишната Јара од Нигерија. “Да,таа е човечко битие, но таа е и ангел”, напишала Мофе под нејзините фотографии.
Кога ќе ги видите прекрасните фотографии кои Моф ги објавува на Инстаграм, ќе сфатите дека убавината навистина доаѓа во сите облици …