Арета Френклин починала на 76 години во својот дом во Детроит, по долга и тешка болест.
Иконата на соул музиката во своите последни моменти била окружена од семејството и пријателите, пренесува “Russia Today”.
Френклин откажала два концерта во април и март, а јавно не се појавувала од ноември минатата година, кога присуствувала на “AIDS Foundation Party”, организирана од Елтон Џон.
Легендарната уметничка последниот настап го имала во Филаделфија центарот во август 2017. година.
Таа во 2011. година ги демантирала гласините дека боледува од рак на панкреас, но подоцна признала дека била подложена на оперативен зафат.
Родена е во Мемфис во 1942. година, а со пеење почнала да се занимава во црквата која ја водел нејзиниот татко. Професионално со музика почнала да се занимава на 18 години, кога потпишала со “Colombia Records”.
Со потписот за “Atlantic Records” во 1967. година станала светска икона. Во текот на првите три години издала три хита, вклучувајќи ги “Respect”, “I Say A Little Prayer”, а до крајот на кариерата го добила и статусот “Кралица на соул музиката”.
Во кариерата освоила 18. Греми награди, а во “Rock & Roll Hall of Fame” била вброена во 1987. година, како една од најпродаваните пејачки, со продадени повеќе од 75. милиони плочи. Воедно била и прва жена со ова престижно признание.
Меѓу бројните хитови на Арета Френклин се издвојуваат уште “You Make Me Feel like”, “Day Dreaming”, “Jump To It”, “Freeway of Love” и “A Rose Is Still A Rose”.
Во 2005. година претседателот Џорџ Буш ја одликувал со Претседателски медал на слободата, највисока американска цивилна награда.