(ФОТО) Слушачка промоција на првиот албум на „The Mole Pack“!

Новиот македонски блуз состав „The Mole Pack“, во недела,19.август, во 20. часот, прават слушачка промоција на нивниот прв албум „Gambling Man“ во „ЧЕ“!
„Ќе се откорнеме“ цела вечер од слушање на нивните оригинални авторски дела, ќе се подружиме со членовите, ќе гледаме видевца и ќе си одиме дома со копија од албумот!


Диме, Алек, Тео, Гишо се спремни да одговараат на вашите прашања и да ви ја раскажат нивната приказна, така да слободно да им пристапувате и “досаѓате”.
А за грувањето во текот на вечерта ќе биде задолжен д уан енд онли – Ненад Стефановски.
Се гледаме во недела, порачуваат членовите на The Mole Pack.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …