(ФОТО) Раониќ го обвинил Ѓоковиќ дека ги крши правилата:„Ова е ср**е, не е во ред!“

Новак Ѓоковиќ го налутил Милош Раониќ во 3. сет на четирифиналето на Австралија Опен. Српскиот тенисер во завршницата на сетот при резултат 4:4 од судијата побарал пауза бидејќи имал проблеми со видот.
Побарал нови контактни леќи и едно од дечињата кое собирало топки отрчало по нив, а српскиот тенисер го напуштил теренот. Раониќ тогаш се изнервирал и почнал да протестира кај судијата бидејќи сметал дека Ѓоковиќ мора да почека уште еден гем и промена на страните.
„Дали смее да го прави ова? Зарем не можеше да почека? Ова е срање, не е во ред“, му рекол канадскиот тенисер на судијата.
Ѓоковиќ,после мечот кој го добил во три сета, му се извинил на соперникот. Му порачал дека неговиот потез не бил тактички туку дека морал да го направи тоа.

„Сакам уште еднаш да му се извинам на Милош. Тоа е нешто што не се гледа често, реткост е играчот да го напушти теренот кога не е промена на страните. Се извинувам и на публиката. Не беше намерно или тактички, морав да го направам тоа. Последните неколку гемови скоро ништо не гледав“, изјавил Ѓоковиќ кој во полуфиналето ќе игра против Роџер Федерер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …