(ВИДЕО+ФОТО) АПСОЛУТНО КОРЕКТНО – Тамара Котевска: „Не стојам јас до Леонардо ДиКаприо – Тој стои до мене – Јас имам 2. номинации!“

Тамара Котевска, режисерката на „Медена земја“ на Фејсбук сподели фотографија од вчерашниот ручек на сите номинирани за Оскар…
И, колку е задоволна и исполнета од номинациите на својот профил ставила дури две фотографии со колегите со кои била на ручек но и мал коментар:„Да појасниме… Не стоев јас до него. Тој стои до мене. (јас имам 2 номинации оваа година)“.


Екипа на „Медена земја“ на Фејсбук сподели фотографии на кои се гледаат застанати до најголемите актери, режисери и филмски работници како Леонардо ди Каприо, Бред Пит, Ал Пачино, Квентин Тарантино, Роберт де Ниро итн.


Атанас Георгиев, Тамара Котевска и Љубо Стефанов со претседателот на Академијата, Дејвид Рубин.


Но, меѓу коментарите на Фејсбук еден е посебно впечатлив – Каде е Атиџе, оти ако не беше таа и нејзината приказна и фраза „Половина за мене, половина за пчелите“,бадијала е сиот труд…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …