Покрај бројните вести за расправии и кавги помеѓу младенците – Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ, конечно пристигнуваат убави вести.
Младата пејачка Александра Пријовиќ, која неодамна дена стана сопруга на Филип Живоиновиќ и снаа на Лепа Брена, е бремена. Како што потврдува семејството за српски „Курир“, новата брачна двојка наскоро ќе му се радува на првото дете.
Според српските медиуми, Александра е во третиот месец од бременоста, а Лепа Брена ќе добие внуче некаде на почетокот на 2019. година.