На турбулентните настани во кралското семејство им нема крај
Принцот Чарлс наводно доживеал нервен слом, а причината се принцот Хари и Меган Маркл. Според National Enquirer, 72-годишниот престолонаследник се обидувал на секој начин да ја задржи насмевката на лицето и да не и покаже на јавноста колку му е тешко.
Наводно, дејствијата на „бегалскиот пар“ имале големо влијание врз неговото ментално здравје. Притисокот бил голем, па изворот за споменатото списание изјавил дека принцот од Велс неодамна бил дијагностициран со депресија.
„Тој едноставно не можеше да се справи со бруталните напади и омразата што Хари и Меган ги ширеа во последните месеци. Тие индиректно го обвинија дека е монструм и ја обвинија неговата мајка, кралицата Елизабета Втора. Чарлс никогаш нема да им прости”, рекол изворот и додал дека неговата сопруга Камила веднаш се консултирала со лекарите за да не се влоши неговата состојба.
National Enquirer исто така наведува дека Чарлс сега е во процес на лекување и учи како да се справи со гневот што се насобрал и емоциите, па поради горе наведеното, тој го пропуштил состанокот со неговиот помлад син кој помина една недела во својата татковина пред откривањето на споменикот на трагично починатата мајка, принцезата Дијана.
Но, според профилот на принцот Чарлс на Инстаграм тој викендов и тоа убаво се забавува…Со сопругата Камила присуствува на специјална програма за неговата фондација, а при тоа и танцувал…
Според фотографиите од неговиот профил не делува дека е во депресија но со членовите на кралското семејство никогаш не знаете на што сте бидејќи тие се „одлично истренирани“ да не ги покажуваат емоциите туку само широките насмевки.
Фото: Принтскрин/Instagram