(ФОТО) ПРОСЛАВУВА 40 ГОДИНИ – ОТКРИЕНА ТАЈНАТА НА ФИЛМОТ РАМБО КРИЕНА СО ДЕЦЕНИИ: Сталоне признал дека едвај го преживеал снимањето на култниот филм!

Пред неколку години, холивудскиот актер Силвестер Сталоне сподели анегдота од снимањето на легендарниот филм „Рамбо“, кој денес слави 40. години од својата премиера.
Сталоне, кој глумеше и го напиша сценариото, признал дека неговиот костим со потпис воопшто не бил вклучен во сценариото, туку авршил во филмот бидејќи на актерот му било ладно на снимањето.

– Не многу луѓе го знаат ова, но во северна Канада беше само малку над нулата и не бев подготвен за тоа. Неверојатното нешто беше што среде шумата најдов зарѓана количка што беше таму повеќе од 30. години, а под неа беше тоа иструлено парче платно. Зедов нож, исеков дупка и го претворив во пончо, што навистина ме спаси од големиот студ и леден дожд – напишал актерот и забележал дека тоа го немало во сценариото.
„First Blood“, кај нас преведен само како „Рамбо“, имал буџет од 15.000.000 долари. Сепак, и покрај тоа, Сталоне сам си направил пончо во дивината. Дополнително, тоа пончо стана своевиден заштитен знак на акциониот херој кој, додуша, најчесто се појавува со голо торзо.



Истото пончо подоцна било продадено на аукција за 60.000 долари.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …