(ФОТО) ПРОЧИТАЈТЕ, ВРЕДИ – РУСИНКА (90) НЕ ПИЕ ЛЕКОВИ, И НИКОГАШ СЕ ЖАЛИ: Нејзиниот совет за среќа го распамети целиот свет!

„Имам 90. години, но се чувствувам како да имам 50.“, рекла веселата баба
Една баба од Москва е вистински пример како да се живее и колку позитивниот став влијае на квалитетот на животот и долговечноста. Без сомнение – треба да ја послушаме!
Имено, страницата на Фејсбук, Human’s of New York, објави фотографија од 90-годишната баба, не ни замислувајќи дека ќе стане планетарно популарна, како со своето модно издание, така и со енергијата што зрачи и советите што ни ги дала.
„Имам 90 години, но се чувствувам како да сум 50. Не земам лекови и никогаш не се жалам. Секогаш им велам на луѓето: Започнете со она што го имате, а не со она што го сакате. Јас сум само среќна затоа што сум жива”, реклс таа. Госпоѓата од Москва продолжила:
„Танцувам два часа секој ден и уживам во тоа. Ме интересира политика и литература. Ја сакам и науката. И да, имам момче Александар. Разменуваме книги. Не знам колку години има“, заклучила 90. годишната жена.


Се чини дека со својот изглед и став кон животот, оваа дама допре до многумина, бидејќи објавата на Фејсбук собра над 500.000 лајкови и речиси 20.000 коментари.
„Јас дури и не те познавам, но ти си, госпоѓо, мојот херој“, „Само што сфатив што сакам да бидам кога ќе пораснам, и сакам да бидам таа“, се само некои од коментарите.
Оваа баба е жив доказ дека позитивниот став кон животот значи многу повеќе отколку што мислиме!
Дали се согласувате? Споделете со нас во коментарите!

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …