(ФОТО) ПРИЗНАНИЕ – Италија: Омилената сестра од ковид болницата на црвениот тепих во Венеција

Медицинската сестра од болницата во Милано, чие лице стана симбол на борбата против ковид 19, Алесија Бонари, беше прогласена за личност на годината и доби награда на филмскиот фестивал во Венеција.
Младата медицинска сестра (23) ја објави својата фотографија во март, на врвот на пандемијата, а на таа слика се гледаше нејзиното лице со модринки и лузни од носење заштитна маска подолго време по маратонската смена во болницата каде лекуваше луѓе со ковид 19.
Под фотографијата, таа тогаш напиша: „Ги замолувам сите што ќе го прочитаат ова да не ги уништуваат нашите напори, да бидат алтруисти и да останат дома за да ги заштитат најслабите“.
Нејзината објава на Инстаграм е споделена неколку стотици илјади пати, а лицето на младата медицинска сестра со модринки стана симбол на оние кои се борат против ковид 19.


Како специјална гостинка на Филмскиот фестивал во Венеција, Алесија Бонари прошета по црвениот тепих во елегантен црн фустан, беше дискретно, но ефективно нашминкана и имаше романтична фризура со бранови што паѓаа на едната страна.
Наградата ја примила со зборовите: „Ние, младите, исто така можеме да добиеме коронавирус и што е уште полошо, можеме да заразиме и други. Да бидеме алтруисти“, а потоа побрзала дома „затоа што мора да работи“, им рекла таа на новинарите.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …