(ФОТО) Пристигнало и четвртото бебе: Рики Мартин со сопругот го добил синот Рен

„Се роди нашиот син Рене Мартинб-Јосуф“, напишал пејачот кусо во описот на фотографијата на која тој и сопругот го држат синчето. Рики во 2008. година станал самохран татко на близнаци кои му ги родила сурогат мајка…

Откако на свечената вечер во чест на одбележување на кампањата за промоција на човековите права ја објавил среќната вест дека очекува уште едно бебе, пејачот Рики Мартин (47) со сопругот Жван Јосуф (35) го дочекал четвртото дете.
Синчето Рен се придружил на браќата близнаци, Матео и Валентин (11) и 10. месечната сестра Луција. Парот за доаѓањето на приновата се пофалил на социјалните мрежи.


View this post on Instagram


Nuestro hijo Renn Martin-Yosef ha nacido. #elbebéhanacido

A post shared by Ricky (@ricky_martin) on


„Се роди нашиот син Рен Мартин – Јосеф“, напишал кусо пејачот во описот на фотографијата на која тој и неговиот сопруг го држат синчето. Рики уште во 2008. година станал самохран татко на близнаци кои му ги родила сурогат мајка, а сопругот Жван го запознал на Инстаграм во 2016. година. Две години подоцна се венчале.

Во почетокот на оваа година Мартин изјавил дека сака големо семејство.
„Сакам уште четири пара близнаци, би сакал да имам големо семејство, но моментално сешто ни се случува во животите, има многу работа. Откако сето тоа ќе го решиме, ќе бидеме подготвени на уште деца“, рекол тогаш пејачот. Инаку, неговата ќерка Луција со Мартин дели ист датум на раѓање – 24. декември, а пејачот набргу по нејзиното раѓање објавил заедничка фотографија на Инстаграм.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …