(ФОТО) Принцот Луис го прославил вториот роденден: Мама, Кејт Мидлтон го сликала славеникот!

Најмалото дете на принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон го прослави својот втор роденден. На слаткиот принц Луис, мама му подготви специјално изненадување, иако годинашната прослава е во тесниот круг на семејството поради мерките за заштита од вирусот корона…
Најновите фотографии на двегодишниот принц Луис го обиколија светот. Симпатичниот најмлад наследник на Војводата од Кембриџ повторно ја воодушеви јавноста.
Серијата спонтани фотографии во градината Кенсингтон Палас ги направила грижливата мајка Кејт Мидлтон. Малиот принц е облечен во карирана кошула и видливо ужива во задачата, хартијат пред него да ја слика со виножито на рачињата.


Широката насмевка за фотоапаратот и подигнатите шарени рачиња намачкани со боја воодушевила многу фанови на кралското семејство, а честитките за неговиот роденден дошле од сите страни.
Војвотката Кејт уште еднаш ја продолжи својата мала традиција да објавува приватни фотографии од своите деца на важни датуми на својот официјален профил на Инстаграм. На Инстаграм исто така брзо се проширија коментарите дека две годишниот принц многу наликува на принц Џорџ, а некои заклучиле дека тој има сличности и со неговата сестра принцезата Шарлот.

Колку малечкиот Луис е непослушен, потврдува и последната фотографија на мајка му која се шегува со познатата фраза „Инстаграм наспроти реалноста“, на која се гледа принцот со боја низ целото лице.
Честитки дошле и од адресата на „Домот на Кларенс“, резиденцијата на принцот Чарлс. Објавена е досега невидена фотографија од гордиот и грижлив дедо, принцот Чарлс, држејќи го своето внуче, принцот Луис, во раце.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …