Починала глумица од хит серијата „Очајни домаќинки“

Смртта била природна, а нејзината ќерка тажната вест ја потврдила на социјалните медиуми
Глумицата Ширли Најт поичинала во 84. година, во домот на својата ќерка Кејтлин Хопкинс во Сан Маркос, Тексас, јавува „Daily Mail“. Смртта била природна, а нејзината ќерка веста ја споделила на социјалните мрежи.
„Рано утрово, 22. април, починаи не напушти твојата слатка душа и замина на подобро место. Бев покрај тебе кога почина“, напишала нејзината ќерка.


Ширли била два пати номинирана за Награда на Академија, за најдобра споредна улога во „Слатката птица на младоста“ и „Темната на врвот на скалите“. Глумела во повеќе од 50. филмови и телевизиски серии. Во хит серијата „Очајни домаќинки“ ја глуми Филис Ван де Камп, или свекрва наеден од главните ликови, Бри ван де Камп, ја игра Марсија Крос.
Во кариерата има освоено неколку награди. Златен глобус и Еми за споредна улога во „Обвинение: Судскиот процес против МекМартин“ и наградата Тони за глумата во „Децата на Кенеди“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …