(ФОТО) Принцот Хари и Меган Маркл ја најавила својата прва ТВ серија!

Хари и Меган работат на заеднички ТВ проект и најавуваат спортски игри пред камерите, кои имаат за цел да ги рехабилитираат повредените и болните.
Компанијата на војводата и војвотката од Сасекс „Archewell Productions“ ја најави првата документарна серија што ќе се прикажува на платформата Нетфликс, наречена „Heart Of Invictus“.
Војводата и војвотката од Сасекс минатата година потпишаа договор со Нетфликс, за кој се смета дека вреди милиони фунти, пишува порталот News.sky.com.
Продукцијата најавува дека серијата ќе следи група луѓе од целиот свет, кои како припадници на вооружените сили „претрпеле повреди или болести што им го смениле животот“, на патот кон „Игрите на непоразените“.

Целта на серијата е да им обезбеди психолошка и физичка рехабилитација.
Игрите, кои беа закажани во Хаг, Холандија, во 2020. година, беа откажани поради пандемијата на коронавирусот.
Принцот Хари е извршен продуцент на серијата.


Секој натпреварувач ќе придонесе на свој единствен начин во приказната за отпорноста и решителноста. Оваа серија ќе биде како прозорец кон трогателните и возбудливи приказни на овие натпреварувачи на пат кон Холандија.
„Јас сум многу возбуден за целиот проект и горд на заедницата ‘Инвиктус’“, рекол принцот Хари.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …