КОРОНА ВИРУС И ХИГИЕНА: Дали е подобар цврстиот или течниот сапун?

Пандемијата со коронавирус поттикна многумина да станат посвесни за тоа колку често (не) ги мијат рацете. Миењето на рацете, заедно со носењето маски за лице и социјалното дистанцирање, е еден од трите столба во борбата против ширењето на ковид-19.

Затоа сапунот беше еден од производите што исчезнаа од полиците на продавниците при првото заклучување. Според истражувањето на пазарот и извештаите, пазарот за сапуни забележа пораст од 194 проценти за време на пандемијата. Но, дали некогаш сте се запрашале што е подобро – течен или цврст сапун?


Кој сапун отстранува повеќе нечистотија и микроби?
Кога станува збор за чистење на кожата, можете да бидете мирни. Формата на сапун што ја користите е прашање на личен избор. Сè додека содржат клучни состојки кои гарантираат чистење и дезинфекција, не е важно во каква форма се наоѓаат.
„Без разлика дали сапунот доаѓа во цврста или во течна форма, тој е подеднакво ефикасен во намалувањето на патогените микроорганизми и отстранувањето на нечистотијата“, вели д-р Рејчел Барнс, дерматолог од Минесота.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Sab Cosmetics (@sab__cosmetics)


Кој сапун е подобар за здравјето на кожата?
Одговорот на ова прашање зависи од тоа што барате.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …