(ФОТО) Пред осум години милиони го чекаа моментот кога ќе се роди ова момче

На денешен ден во 2013. година, милиони луѓе во Велика Британија и ширум светот го чекаа моментот кога британското кралско семејство ќе објави дека е роден иден крал или кралица.


View this post on Instagram

A post shared by Kate Middleton (@_kate_middleton_royal)


Во попладневните часови беше објавено дека Кејт, војвотката од Кембриџ, родила момче, трето по ред за британскиот трон, а нацијата падна во транс. Веста за раѓањето на новиот британски принц беше неверојатна вест во сите британски медиуми, а британскиот „The Sun“ се појави следниот ден со името The Son (Син).


Принцот Џорџ Александар Луис беше претставен во јавноста по само 24. часа и ентузијастичката толпа пред болницата го виде за прв пат. Среќните родители Вилијам и Кејт го изнесоа бебето од болницата Света Марија пред новинарите, а првите фотографии од новородениот принц веднаш ги преплавија светските медиуми.

Неговото име беше објавено неколку дена подоцна.
Денес, кралското семејство објави нов портрет на идниот крал.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Пике споделил ретка фотографија со девојката, а еве што прави Шакира…

Додека Шакира ужива да биде сама, Пике уште од разводот има девојка Жерар Пике ретко …