(ФОТО) Познатиот глумец опериран – бремената сопруга стравува покрај него!

Овие денови е опериран Алек Болдвин. Неговата сопруга Хилариа за се’ ја известила јавноста и покрај бременоста е покрај него, сето време.Инаку, инструкторката по јога е бремена со нивното четврто дете.
Алек Болдвин овие денови минува низ нешто потешки денови. Имено, познатиот глумец е опериран и моментално се наоѓа во болница, на опоравување. Покрај него, сето време, е неговата сопруга Хилариа, која ја известила јавноста за операцијата.
59. годишниот глумец морал на операција на колкот па му е вграден вештачки колк.
На обожавателите на Болдвин сопругата им напишала: „Благодарам на сите на убавите желби. Знам колку од вас стравуваат кога и какви новости ќе слушнат. Тука дојдовме многу рано, операцијата мина добро. Ќе бидам покрај него за време на опоравувањето“ напишала трудната Хилариа. Имено, инструкторката по јога моментално го чека нивното четврто дете. Тие се родители на четиригодишната Кармен, двегодишниот Рафаел и едногодишниот Леонард. На пат е и четвртото бебе.
Од претходниот брак со Ким Бесинџер, Алек Болдвин ја добил ќерката Иреланд која има 21. година и се бави со манекенство.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …