(ФОТО) Познатиот глумец најавил дека неговите деца нема ништо да наследат а парите ќе ги подарат!

„Нема да одгледуваме ’шупа**’. Ги има доволно во овој свет“ рекла глумицата Мила Кунис, сопруга на Ештон Качер. Неговото богатство се проценува на 200. милиони долари, а Мила Кунис „тежи“ 45. милиони долари…
„Нашите деца нема да имаат привилегиран живот, а тоа и да не го знаат“ рекол глумецот Ештон Качер (40) во емисија на својот пријател и колега Дакс Шепард (43).
Качер кој од 2015. година е во брак со Мила Кунис (34) и ги имаат ќерката Вајат (3) и синот Димитри (1) истакнува дека тој и сопругата еден ден своето богатство нема да им го остават на децата.

Night out with the wife


A post shared by Ashton Kutcher (@aplusk) on


„Немам намери да им давам подароци кога ќе пораснат и да основам фондација за да лесно живеат. Мила и јас парите ќе ги донираме во хуманитарни цели и други корисни работи“ објаснил Качер.
Глумецот сопственото богатство го зголемил со инвестиции па ќе им помогне на децата ако сакаат да започнат сопствен бизнис.
„Само кога ќе ми посведочат добро осмислен бизнис план, ќе инвестирам пари и ќе им помогнам, но фондација ниту тогаш нема да добијат“ истакнал Качер. Тој се надева дека ќе ги мотивира животот кој го имале додека растеле и дека ќе се обидат да создадат нешто свое или барем слично.
Кунис кон крајот на минатата година во емисијата „Entertainment Tonight“ зборувала за скромните почетоци на сопругот и себе си во серијата „Луди седумдесетти“ и објаснила дека ќе ги научи децата да ја ценат вредноста на парите.

Wyatt loves eating yogurt! 😍 #milasfavpics


A post shared by Mila Kunis (@kunismilax) on

„Нема да одгледуваме ’шупа**’. Ги има доволно во овој свет. Не треба Ештон и јас да придонесувме во тоа“, напоменала глумицата. Додала дека за Божик на децата не им давале подроци бидејќи се премногу малечки и дека тоа навистина не им е важно. Но, бабите и дедовците се погрижиле да не останат „со празни раце“.
„Децата не ги сфаќаат подароците на така мала возраст и не ги ценат. Со тек на време почнуваат да очекувааат работи но не знаат какви“, раскажала Кунис.
Богатството на Качер се проценува на 200. милиони долари, а Кунис „тежи’ 45. милиони долари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …