(ФОТО) Двејн Џонсон на работ на солзи:„Мојата ќерка итно заврши во болница!“

„Целата ноќ ја минавме во собата за итни случаи, нешто страшно му се случи на нашето девојче Џасмин“, рекол глумецот но не сакал да открие што точно се случило со неговата ќерка...
„Работите станаа застрашувачки во текот на викендот. Им благодарам на пожарникарите и медицинскиот тим од Лос Ангелес кои му помогнаа на моето семејство. Многу сме ви балгодарни и ако некогаш нешто ви треба ќе ви ја возвратам услугата“ напишал Двејн Џонсон (45).
Глумецот попознат под прекарот The Rock тешко ја проживеал здравствената состојба на својата ќерка Џасмин (2), минатиот викенд.
„Целата ноќ ја минавме во собата за итни случаи, нешто страшно му се случи на нашето девојче Џасмин“, рекол потресениот Џонсон, кој бил на работ на солзи. Не сакал да открие што точно се случило со неговата ќерка, но истакнал дека сега добро им заблагодарил на Господ и на агентот за итни случаи кој зборувал со него по телефон и мирно го спровел низ некои процедури,пожарникари, медицински сестри и доктори.
„Повторно, на сите, многу благодарам, многу, многу“, рекол The Rock. Глумецот додал дека на ниту едно семејство не му посакува да мине низ нешто такво. Исто така, со родителите, поделил некои корисни совети кои ги запамтил од тој инцидент.
„На сите мајки и татковци им порачувам кога ќе се случат вакви итни ситуации да останете мирни и фокусирани колку повеќе можете бидејќи нашите малечки бебиња ’собираат’ се’ што покажуваме, особено во моментите на стрес“, раскажал Џонсон.
Глумецот со бившата сопруга, продуцентката Дени Гарсиа ја добил ќерката Симон (16), а со девојката, пејачката Лорен Хашиан (33) ја има Џасмин и на пролет очекува уште едно девојче.
The Rock, неодамна, на социјалните мрежи открил дека неговото семејство и соработниците минуваат курс на кој ќе научат да им помогнат на бебињата, децата и возрасните лица кои се гушат или на кои им треба оживување.
„Се надеваш дека никогаш нема да имаш итна ситуација во која ќе мораш да ја користиш таа вештина“, заклучил глумецот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велика Сабота

Велика Сабота Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика …