(ФОТО) Познатата глумица првпат ќе стане мајка на 45. години

Американските таблоиди пишуваат дека холивудската актерка Камерон Дијаз (45 ) и нејзиниот сопруг, рокерот Беџи Маден (38), набргу ќе станат родители.

Актерката е фотографирана во ЛА, а на фотографијата под широката облека се гледа нејзината полна фигура.Се шпекулира дека таа и нејзиниот сопруг долго се обидувале да имаат бебе.
Но, се чини дека соништата на глумицата конечно се остваруваат. Три години после венчавката за рокерот од Шарлот, Камерон Дијаз го очекива своето прво дете.
„Камерон конечно има причина да прослави. Таа е бремена“ открил пријател наа двојката, и продолжил:„Тие очекуваат бебе, и не можат да бидат посреќни. Но, сега доаѓа најубавиот дел – со пријателите и семејството ја споделуават веста за бебето а ја подготвуваат и детската соба“.



©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …