(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Фотографка забележала породување во болнички ходник

„Тоа беше моето најлудо, но и најубаво породување…“
Џес Хоган пред неколку дена станала мајка по шести пат. Но, светското внимание го привлече фактот што се породила во болничкиот ходник пред да стигне до салата за породување. Не ја породил лекар или бабица, туку сопругот.

Џес на патот кон болницата почувствувала дека можеби нема да стаса навреме. Кога влегле во болницата, таа знаела дека бебето се раѓа, му кажала на својот сопруг, кој и’ помогнал да се породи во помалку од две минути. Самото породување го снимила Теми Карин.


„Тоа беше моето најлудо, но и најубаво породување. Иако далеку од сите мои сништа и планови, се’ беше совршено! Породување без интервенција, природно и прилично лесно, со здраво бебе и неверојатна поддршка од луѓето од сите страни. Беше убаво и засекогаш ќе го сакам секое сеќавање на оваа случка“, рекла таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …