Ќерката на Бригит Нилсен расте со незапирлива брзина. Познатата 57-годишна актерка објавила семејно селфи во кое позирала со сопругот Мати Деси (42) и нивната тригодишна ќерка Фрида.
2Вчера го прославивме 3-от роденден. Се роди нашата sвезда”, напишаЛА гордата мајка.
Фрида е петтото и најмало дете на Бригита и нејзината единствена ќерка. Актерката е мајка на синовите Раул Мејер Јуниор (26), Даглас Мејер (28), Килијан Гастино (31) и Џулијан Виндинг (37).
Нилсен и Деси се во брак од 2006. година, а станаа родители на 22. јуни 2018. година.
„Пресреќни сме што го поздравивме раѓањето на нашата ќерка. Тоа беше долго патување, но вредеше. Никогаш не сме биле повеќе заљубени”, изјавила тогаш Нилсен за списанието „People”.
Многумина ја критикуваа дека се породила на 55. години, но таа чувствува дека мајчинството ја подмладило. Сепак, понекогаш се плаши од тоа како другите ќе ја перцепираат.
„Можеби нема да ја носам на училиште кога ќе дојде време“, рекла таа, објаснувајќи: „Ќе го оставам тоа на сопругот затоа што не сакам луѓето да ја прашуваат дали нејзината баба ја носи на училиште. Не сакам да се чувствува лошо“.
Фото: Принтскрин/Instagram