Вилијам „полудел“ поради Меган? „Таа ѓаволска жена беше немилосрдна кон мојот персонал!“


ПРИНЦОТ Хари слета во Лондон во средата за да присуствува на откривањето на статуата во чест на неговата покојна мајка Дајана по повод нејзиниот 60-ти роденден. Тој ќе се сретне со своето семејство за прв пат по погребот на принцот Филип.
Тоа беше последен пат кога разговараше со неговиот брат, принцот Вилијам, со кого ги излади односите откако се повлече од кралските должности со неговата сопруга, поранешната актерка Меган Маркл и се пресели во Калифорнија. Кралскиот експерт Роберт Лејси во една статија за „Daily Mail “ тврди дека принцовите се однесувале учтиво еден кон друг тој ден пред камерите, но подоцна следела друга приказна.

https://www.instagram.com/p/CQYFadclE0B/?utm_source=ig_embed&ig_rid=71fb7ac2-737d-4cad-983b-559f28596938


Лејси тврди дека тие се навредувале и се расправале, а тој исто така се осврнал и на Меган и напишал дека Вилијам нема најдобро мислење за неа.

Во една прилика, Вилијам наводно бил разбеснет од коментарот на неговите пријатели дека сите имаат проблеми со нивните снаи, па тој ја нападнал бесен пред нив. „Само погледнете на начинот на кој таа проклета жена се однесуваше кон мојот персонал, тоа е безмилосно“, рекол принцот во тоа време, тврди кралскиот експерт.


https://www.instagram.com/p/CMiLa_8nXUO/?utm_source=ig_embed&ig_rid=596bf915-802b-435b-bab0-f40e5d3958f0

Кралскиот експерт тврди дека и’ пријателите на Хари не мислат поинаку. „Меган може да биде и 500 отсто ноќен кошмар. Со неа ПР никогаш не престанува. Таа е вистинска Американка“, рекол еден од нив, тврди Лејси.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба „Професори и студенти“ вечерва во МКЦ

Младинскиот културен центар оваа година по третпат ја реализира изложбата „Професори и студенти“. Суштината на …