(ФОТО) ПОВТОРНО БИ ГО НАПРАВИЛА ТОА – Девојка која работела како „послужавник за суши“ во Сплит тврди: „Тоа не е стриптиз!“

Сплитските ресторани Olive Tree and Roof 66/Fetish, Food & Meu нудат суши кој го служат на голи девојки, а една од нив сега го споделила своето искуство за работа во еден од овие ресторани.
Вработената го споделила своето искуство за хрватскиот RTL, но сакала да остане анонимна поради негативниот публицитет на оваа јапонска техника наречена „Nyotaimori“.

Станува збор за обичај кој влече корени во 17/ век од Јапонија, односно периодот Токугава, а во превод би значело претставување на женското тело. Таму се развил во куќите на гејшите кои на самураите би им служеле суши на своите тела.


„Не го доживеав тоа како да се соблекувам за пари. Број еден, воопшто не бев гола. Ако бев гола, тогаш сите сме голи на плажа. Можеа да ми се видат само моите раце, нозе и дел од моето торзо кое не беше покриено со пластика.Кога го тргнаа сушито од мене сè уште бев облечена.Имавме самолеплив градник со цвет и гаќички на кои ремените од страната беа проѕирни, па остава впечаток дека ги нема, исто така со цвет од крин. Уште еден голем лист од крин оди преку стомакот, бидејќи би било нехигиенско да се става суши само на голо тело“, опишала девојката.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …