(ФОТО) Наместо опширен состав напишала една реченица и добила највисока оценка

Студентката Алисон Гарет имала задача да напише состав за филмскиот класик „Боречки клуб“, во која меѓу другите играат Бред Пит и Едвард Нортон.
И таа го напишала, но текстот на трудот во никој случај не бил како што очекувал професорот. Од неа било побарано да напише труд од најмалку 500. зборови, но на крајот напишала само една реченица.


„Првото правило на клубот за ‘Боречки клуб’ е да не се зборува за тоа“, пишува во нејзиниот „есеј“. Се разбира, тоа е цитат од култниот филм.
Кога го предавала есејот, во коментарот додала краток текст: „Ја видов можноста и ја искористив. Не можам да кажам дека се извинувам бидејќи тоа би било лага. Дали сум горда? Да!”
За одбележување е и коментарот на професорката.
„Се мачев каква оценка да ви дадам. На крајот решив да ве наградам за вашата генијалност и фактот дека оваа реченица е најрелевантна за филмот за кој зборувате. И предупредување: Не пробувајте вакво нешто со други професори, бидејќи можно е да не ја делат оваа смисла за хумор“, ѝ рекла професорката.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …