(ФОТО) ПОВРЕДЕН – ПРИНЦОТ ХАРИ ОЧАЕН И БЕСЕН ПО ПРОСЛАВАТА НА КРАЛИЦАТА: Семејството му „послужило“ ЛАДНА ОДМАЗДА, а тој не може да се смири! Побарал ИЗВИНУВАЊЕ!

Експертот за кралското семејство и биограф, Анџела Левин, тврди дека принцот Хари бил многу, многу вознемирен што тој и неговата сопруга Меган Маркл главно биле игнорирани од другите членови на кралското семејство на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата, пишува Mirror.
– Бесниот принц Хари мисли дека треба да му се извинат откако во голема мера бил игнориран на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата – рекла Анџела.

Хари и Меган присуствувале на само еден настан на прославата – службата за Денот на благодарноста во катедралата Света Марија, минатиот петок. Тие седеле во вториот ред од катедралата, спроти принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, а паровите меѓусебно немале контакт, па ниту размениле контакт со очи.
Исто така, двајцата браќа кои ја заладија врската не се сретнале приватно. Освен на церемонијата Trooping the Color, Хари и Меган не се видени на ниту еден друг кралски настан.



Анџела, која веќе една година со Хари пишува биографија за него, рекла дека мисли дека принцот е апсолутно бесен.
– Мислам дека е многу вознемирен што главно го игнорираа. Сè уште чувствува дека треба да му се извинат – рекла таа.
– Но тој е тој што треба да се извини. Не можете само да бидете груби со луѓето и да очекувате тие повторно да ви ги отворат срцата – изјавил Хари минатата година за време на интервјуто со Опра Винфри, мислејќи на неговиот брат Вилијам.

Хари и Меган сакале фотографот да го овековечи моментот кога кралицата првпат ја запознала нивната ќерка Лилибет.
Девојчето, кое наполни една година во саботата, се сретнала со својата прабаба минатиот викенд, откако им се придружила на родителите и братот Арчи на патување во Велика Британија.
Сепак, според изворот, кралицата не сакала овој приватен момент да биде фотографиран.

Неименуван извор изјавил за The Sun:
– Хари и Меган сакаа нивниот фотограф да го овековечи моментот кога Лилибет ја запозна кралицата. Но, им било кажано дека нема шанси. Тоа беше приватно семејно обединување.
Наместо тоа, беше објавена фотографија од Лилибет на нејзиниот прв роденден – пикник во Фрогмор Котиџ

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …