Благодарение на модерната технологија и фасадата што прочистува штетни материи од воздухот, една зграда во Мексико Сити е она за што плачат сите загадени градови, вклучително и Скопје.
Таканаречените зелени згради ширум светот значително го намалуваат загадувањето затоа што се дизајнирани да функционираат со минимум енергија. Сепак, едното крило на болничката зграда во Мексико Сити буквално јаде смог од околниот воздух.
https://twitter.com/NobleLadyPirate/status/1118119634677444608
Наречена Torre de Especialidades, оваа зграда е под фасада на посебен вид плочки што ги неутрализира хемикалиите од воздухот со својот дизајн и состав.
Во исто време, не станува збор за мали, симболични количини, туку оваа зграда јаде смог колку што го прават над илјада автомобили дневно, пишуваат на веб-страницата FastCompany.com.
https://www.fastcompany.com/2681660/this-beek-mexico-city-building-eats-the-citys-smog
Оваа идеја не заживеа само во Мексико Сити, бидејќи таа метропола е меѓу најзагадените во светот. Затоа, берлинската компанија токму таму создаде фасада од плочки кои се состојат од титаниум диоксид, кои под влијание на сончевите зраци го распаѓаат смогот во калциум нитрат, јаглерод диоксид и вода. Во сето ова, титаниум диоксидот останува недопрен, така што тој продолжува да ја работи својата работа како прочистувач – на неодредено време.
https://www.instagram.com/p/lcuWzQk1wc/?utm_source=ig_embed&ig_rid=e7e20e39-04a8-4d0f-aff0-66fc10f434f8
Што се однесува до оваа зграда, таа не е единствена само заради овие хемиски реакции што се случуваат, туку и заради дизајнот. Има ваква форма, малку како швајцарско сирење или саќе, така што всушност подобро ги апсорбира сончевите зраци и привлекува штетни загадувачи, кои потоа ги јаде.
Многу еко-активисти ширум светот се прашуваат зошто овој принцип не се шири на глобално ниво. И бидејќи Скопје и другите градови во Македонија честопати се наоѓаат на неславниот врв во однос на загадувањето во целиот свет, несомнено е дека би поздравиле барем една таква зграда.
Фото: Принтскрин/YouTube/ Valeria Leon