(ФОТО) После 45. години е разрешена мистеријата на смртта на Брус Ли?

Што се случило таа 1973. година на денот кога легендата на боречките вештини и холивудската ѕвезда Брус Ли починал на 32. години? Метју Поли мисли дека знае нешто за тоа…
Скоро 45. години после ненадејната и мистериозна смрт, американски новинар издал биографија која ја нарекол „Бruce Lee: A Life“, за која интервјуирал повеќе од 100. луѓе поврзани со Ли, вклучувајќи пријатели, семејство, колеги, како и неговата вдовица Линд Ли Колдвел и ќерката Шенон Ли.
И’ додека официјална причин за смртта е мозочен едем потенцијално предизвикан од пречувствителноста на мепромбат од лекови, Поли се сомнева дека ѕвездата може да ја убиел топлотен удар.
„Клучот во разбирањето на смртта на Ли се крие во фактот дека паднал 10. недели пред да умре, од истата причина“, ја објаснува Поли својата теорија за Fox News.


„На 10. јули 1973. година вшетал во собата за снимање на еден од најтоплите денови во месецот. Ја исклучиле климата за да не пушта звук. Веднаш се прегреал и му се свртело во главата. Потоа ја напуштил собата и паднал на подот. Станал и се вратил во собата па повторно паднал и почнал да се грчи. Го префрлиле во болница а докторите се сомневале дека му натекол мозокот. И првиот колапс така изгледа како случај на топлински удар“, пишува.
И самата Колдвел за Los Angeles Times во 1988. година рекла дека смртта на Ли е предизвикана од отекување на мозокот поради пречувствителноста на состојката која се наоѓа во Equagesic. Но, Поли инсистира на тоа дека последните моменти од топлинскиот удар на Ли во Хонг Конг се слични со симптомите кои ги почувствувал порано.
„Во тоа време сешто се зборуваше – дека го отруле, дека го грабнале нинџи или дека некој го убил“ вели Поли.


„Но, нема докази дека некој нешто криел. Мојот заклучок е топлински удар. Тоа и не е толку необичен убиец на младите спортисти“ додал новинарот.
Поли тврди и дека Ли неколку месеци пред првиот инцидент хируршки ги отстранил жлездите за потење под пазувите. „Мислел дека лошо изгледат на екранот, а негова работа било добро да изгледа. Но, поради тоа потешко ја поднесувал топлината“ вели Поли.
Но, не само околностите околу смртта на Брус Ли граделе мистерија околу него со години. Ли починал во станот на глумицата Бети Тинг Пеи, последно лице кое го видело жив. Наводно, таа му понудила Equagesic откако се жалел на главоболка.
Поли, кој разговарал со 71. годишната Пеи тврди дека не само што таа бил негова љубовница туку и дека му била најважна врска во животот.


„Тоа се случувало многу долго и почнал да станува се’ помалку дискретен. Со неа во град одел на состноци, на места каде сите можеле да го видат. Мислам дека целиот живот и е обележан со смртта на Брус Ли. Тоа е рана од која никогаш нема да се опорави. Бев затекнат со интензивноста на нејзините чувства за Брус“.
„Практично рече дека тој бил љубов на нејзиниот живот. Беше интересно да се разговра со жена кој е сеуште вљубена во некој кој умрел толку одамна. Нејзините чувства сеуште се подеднакво интензивни“, пишува новинарот.

Колдвел сеуште не се огласила околу книгата на Поли. Ги спомнал нејзините мемори во кои 73. годишната првпат го опишува сомнежот дека Ли ја измамувал кога бил пронајден мртов во креветот на Бети.
Но, таа афера не е единствената која Ли ја имал. Поли тврди дека имал врска и со Шерон Фарел, која со него глумела во филмот „Марлоу“ во 1969. година, што наводно резултирало со ривалство со Етив МекКвин.
„Како што вели Шерон, која ја интервјуирав, се сплеткале и имале доста романтична романса“ вели Поли. „Но, Брус бил многу посветен на својата сопруга и не сакал да ја напушти. Па таа ја завршила врската. Во својот следен филм ’The Reivers’ глумела со Стив МекКвин и веднаш се сплеткала со него“.

Но, Брус Ли уживал во уште една врска – со што го запознал Стив МекКвин. „Дрогата во кој уживал била марихуана. И всушнот Стив МекКвин го навлекол на трева. Брус навистина уживал“, додава Поли.
„Разговарав со некои негови пријатели и ми рекоа дека бил полн со енергија. Но, после неколку волшебни колчиња веднаш би се смирил. Па мислам дека тоа на некој начин била и самомедикација. Тоа го балансирало“.
Поли се надева дека неговата книга на читателите ќе им даде свеж увид за човекот зад митот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …