(ФОТО) Посен колач на тетка Љупка

Колачот е превкусен, а лесен за подготовка и вистинско освежување на свечените посни трпези – особено за слава.
Состојки:
100 г суви сливи
100 г суви кајсии
100 г ореви
100 г лешници
1 голема лажица суво грозје накиснато во рум
1 лажица какао
1 лажичка цимет
200 г шеќер
250 г меко брашно
5 големи малку кисели јаболки
1 кесичка прашок з апечиво
Подготовка: во голем сад ставете ги сливите, кајсиите, оревите, лешниците и сувото грозје – ништо не сечкајте. Додајте шеќер и цимет и добро измешајте (рачно). Потоа изрендајте ги јаболките во смесата и повторно добро измешајте. Додајте го брашното измешано со печивото и какаото. Мешајте со дрвена лажица или рака, по потреба додајте уште брашно. Смесата треба да е хомогена и со лажица да може да се става во калапот.
Долг правоаголен калап убаво намачкајте со маргарин и наросете со лебни трошки па со лажица ставете ја смесата. Ставете во рерна загреана на 160 степени и печете околу час и половина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …