(ФОТО) Непечени лешник гнезда – посни или мрсни

Состојки:
200 мл вода
200 г шеќер
150 г маргарин/путер
100 г црно чоколадо
150 г мелени печени лешници
250 г мелени бисквити
Плус:
околу 150 г печени мелено-сечкани лешници
околу 150 г нугат крем


Подготовка: во соодветен сад ставете вода, шеќер, маргарин и чоколадо, па оставете на ниска температура да зоврие. Тргнете го садот од ринглата и веднаш додајте ги мелените бисквити и лешници. Се убаво измешајте и оставете да се излади. Потоа од смесата обликувајте бомбици, валкајте ги во мелено-сечкани лешници и во средина ќе им правите вдлабнатина. Оставете во фрижидер убаво д асе стегнат а потоа полнете ги со нигат крем – посен или мрсен по ваш вкус.


Гнездата се повкусни ако се направат неколку дена порано, убаво да се исушат и стегнат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Воскресение Христово – Велигден

Воскресение Христово Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат …