(ФОТО) ПОСЕБНА ПОСВЕТА – Никогаш почудно модно издание на Џули Робертс: Со фустан одала почит на колега

Џулија Робертс решила да му оддаде почит на својот колега Џорџ Клуни со своето најново модно издание, а на необичниот фустан што го носела беа нацртани негови фотографии.
Холивудската актерка гостувала на 45-тото доделување почести на Кенеди Центарот во Вашингтон, а нејзината облека била во центарот на вниманието за време на нејзиното појавување на црвениот тепих.
Робертс носела кратка црна јакна, а под неа долг црн фустан од Москино покриен со фотографии од Џорџ Клуни.
По влегувањето на церемонијата, 55-годишната актерка се пресоблекла во едноставен црн костум.


Џорџ беше меѓу наградените на церемонијата, а својата поддршка ја покажаа и другите колеги како Мет Дејмон.
Клуни и Робертс соработуваа неколку пати во текот на годините, а во октомври нивниот заеднички филм „Ticket to Paradise“ се појави во кината.
Покрај деловната соработка, дуото во неколку наврати низ годините потенцираше дека се добри пријатели.

На истиот настан Клуни се појави со сопругата Амал, која заслепуваше во долг сребрен фустан покриен со светки.
За церемонијата Џорџ избра црн костум во комбинација со бела кошула и виножито крагна.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …