(ФОТО) Поранешен авганистански министер сега во Германија работи како доставувач

САЈЕД САДАТ бил министер за комуникации во авганистанската влада пред да се пресели во Германија минатиот септември во потрага по подобра иднина. Сега е доставувач во Лајпциг.
Тој признава дека некои негови блиски луѓе го критикувале дека земал таква работа откако работел во владата две години. Но, за него, вели тој, работата е работа. Тој поднел оставка на функцијата министер во 2018. година.
„Немам за што да се чувствувам виновен“, рекол 49-годишникот, стоејќи во портокалова униформа покрај велосипед, пренесува Ројтерс.
„Се надевам дека и другите политичари ќе го следат истиот пат, ќе работат со јавноста и нема само да се кријат“, заклучил тој. Неговата приказна стана особено истакната по хаосот што се создаде во Авганистан по преземањето на Талибанците.
Неговото семејство и пријателите исто така сакаат да ја напуштат земјата. Тие се надеваат дека ќе им се придружат на илјадници други на летовите за евакуација или ќе се обидат да најдат други правци.


Садат се борел да најде работа во Германија што ќе одговара на неговото претходно искуство. Со дипломи за информатика и телекомуникации, Садаа се надевал дека ќе најде работа во сродна област. Но, без познавање на германскиот, вели тој, неговите шанси биле мали.
„Јазикот е најважниот дел“, вели Садат, кој има и британско државјанство. Учи германски четири часа секој ден во училиштето за јазици, а потоа започнува шестчасовна смена со доставување оброци.
„Првите денови беа возбудливи, но тешки“, рекол тој, опишувајќи го предизвикот да научиш да возиш велосипед во градскиот сообраќај.
„Колку повеќе излегувате и колку повеќе среќавате луѓе, толку повеќе учите“, рекол тој.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 11 години без нашиот легендарен флејтист Никола Атанасов

Никола Атанасов е роден во Просечен, Драмско, Егејска Македонија во 1939 година. Тој беше македонски …