(ФОТО) Поради нестварната убавина ја нарекуваат Црна Барбика

Дуки Тот денеска е заштитно лице на многу брендови, а благодарение на специфичниот изглед, темната кожа и лицето кое наликува на кукла, го добила прекарот „Црна Барбика“. Иако е меѓу најбараните лица на денешницата во модната индустрија и светот на убавина, тоа не било секогаш така, пишува Brightside.


Родена е во Јужен Судан, а манекенката својата слава ја осигурала со победата во австралискиот „Топ модел“ кога имала само 17. години. Во помладите денови, поради својот изглед преживувала разни маки, а слично доживеала и за време на натпреварувањето за време на самата емисија.


Имено, таму ја критикувале стилистите и тимот за разубавување бидејќи не знаеле како да се грижат за нејзината коса. Исто така, публиката на почетокот сметала дека Дуки не е природна, дека имала естетски операции и дека ги ретушира фотографиите.


Освен тоа, неретко ја критикувале и колегите во модната индустрија и кон неа се однесувале многу грдо. Поради тоа одлучила да се повлече од модната сцена, а за „Teen Vogue“ своевремено рекла дека и биле потребни две години за да се здобие со доволно самодоверба и да се врати на работата која ја сака.

Сега кога ниже успех по успех и ужива во својата работа Дуки ги поддржува кариерите на црните модели и се залага за разни промени во модната индустрија.

Дуки минатата година во декември била дел од ревијата „Викторија сикрет“ кога ја воодушевила публиката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски

Коалиција МАРГИНИ, во партнерство со List Production и Младински Културен Центар со задоволство ве поканува …